Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не беше задоволен од она што неговите играчи го прикажаа на натпреварот со Салернитана. „Бјанконерите“ едвај стигнаа до реми (1-1) во судиското продолжение од мечот.
Шефот на „старата дама“ изјави дека неговиот тим мора да ги подобри перформансите доколку сака да го подигне трофејот во финалето на Купот на Италија против Аталанта в среда.
„Почнавме релативно добро, но потоа следеше една грешка, а потоа станавме нефокусирани и не ги почитувавме нашите позиции. Не требаше да примиме гол од статична позиција. Знаевме дека тоа беше силата на Салернитана“, смета Алегри.
„Мораме да бидеме трпеливи и да играме како што треба, да не шутираме кога не треба, туку да додаваме. Мораме да бидеме брзи и да не избрзуваме. Првите минути беа исто како на натпреварот со Рома. Не користевме добро одредени ситуации поради погрешни одлуки. Но, очекувам тимот да се претстави на едно сосема друго ниво на финалето против Аталанта“, изјави Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













