Connect with us

Алегри: Јувентус може уште многу подобро

Јувентус е во серија од осум последовни победи во Серија А откако го совлада Удинезе со 1-0. На овие натпревари „старата дама“ не дозволи да прими ниту еден гол и постигна 14, но и покрај ова, тренерот Масимилијано Алегра е свесен дека има уште многу да се работи за тимот да го добие конечниот изглед.


„Ние сме во добра форма, но мораме да ја подигнеме границата во однос на нашите перформанси. Против Кремонезе ни недостасуваше концентрација. Работите беа подобри со Удинезе, а во вториот дел создадовме повеќе шанси“, изјави Алегри.

„До победата стигнавме во последните минути благодарение на тоа што сме добро физички подготвени, но и затоа што демонстриравме психичка сила. Техничката способност е клучна, но ако не сакате да го дадете максимумот и да бидете побрзи од противникот, нема да го добиете натпреварот“, додаде тренерот на „бјанконерите“.

Следниот натпревар на Јуве е на гости кај лидерот Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови