Јувентус конечно ја оствари првата победа во новата сезона од Серија А, откако триумфураше на гости против Специја со 2-3. Но, и на овој меч „старата дама“ прими голови, а еден од виновниците за тоа е и голманот Војчех Шчешни кој направи неколку „кикса“ во досегашниот тек од шампионатот.
Масимилијано Алегри сакаше да го рехабилитира полскиот интернационалец на голот, му даде шанса повторно, но се чини дека за следниот меч против Сампдорија на голот на Јувентус ќе биде Матија Перин.
Полјакот на натпреварите со Удинезе и со Наполи направи големи грешки и дозволи лесно да се затресе неговата мрежа што предизвика жестоки реакции кај фановите на „старата дама“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













