
Три месеци по операцијата на коленото, Пол Погба се уште не е ни блиску до враќање на терените и ќе пропушти уште најмалку шест натпревари на Јувентус. Французинот продолжува да се соочува со различни околности околу неговата повреда.
29-годишниот играч од средниот ред заработи повреда на коленото на претсезонскиот тренинг со „бјанконерите“ на крајот на јули. Првично, тој избра конзервативен начин на лекување без да ризикува да го пропушти Светското првенство. Сепак, бавниот напредок го натера да се оперира на почетокот на септември. По интервенцијата имаше осумнеделен план за опоравување кој сепак ќе биде значително продолжен.
За жал на Погба и Јувентус, неговото закрепнување е многу побавно од очекуваното. Францускиот играч за врска се уште не се вратил на тренинзите на теренот и работи само во теретана и базен, а ќе треба да почека уште малку за да почне да работи со топка.
Светскиот шампион од 2018 година се очекува да паузира најмалку уште еден месец. Тоа значи дека ќе пропушти шест од натпреварите на „старата дама“ во јануари, вклучувајќи го и дербито со Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
