Connect with us

Аларм од обложувалниците: Два меча од Конференциската лига наместени, се споменува дуелот на Македонија ЃП

Светските букмејкери наводно обвинуваат за два наместени натпревари од реваншите од воведното коло во УЕФА Конференциската лига јавува, Полската Национална телевизија.

Еден од овие два спорни натпревара е мечот на македонскиот претставник Македонија Ѓорче Петров против РФС во Рига. Вториот дуел ко јсе споменува е Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија.

Според тврдењата на медиумот, обложувалниците реагирале на високите уплати кои стигнале за неколку видови на обложување на мечот РФС – Македонија ЃП. Се споменуваат енормно високи уплати на победа на РФС со два гола разлика, како и многу високи уплати на 3+ голови во второ полувреме и на 5+ голови во текот на сите 90 минути. Мечот во Рига заврши со резултат 4:1 (1:0).

Операторите на обложувалниците се обиделе да се одбранат од високите уплати во последните 10 минути од првиот дел, но некои и не стигнале навреме да се покријат, вели изворот. Во некои обложувалници коефициентот за 2+ голови во прво полувреме бил 30 на обложување во живо на 10 минути пред крајот.

Сомнителни уплати продолжиле и во второто полувреме на 5+ и 7+ голови. Мечот на крајот заврши со резултат 1:6, уште посомнително, со два гола кои гостите ги постигнаа во судиското продолжение на второто полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови