
Францускиот гигант Пари Сен Жермен нема намера да остане без еден од најдобрите фудбалери во светот, напаѓачот Килијан Мбапе. Иако се најавува негов трансфер во Реал Мадрид и Флорентино Перез кова план како да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“, сепак, дојде силно „не“ од првиот човек на „светците“.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, истакна дека францускиот клуб нема никогаш да го продаде Килијан Мбапе, а тој нема да си замине ниту како слободен агент. Чудно, со оглед дека неговиот договот истекува следното лето.
„Ќе бидам јасен. Килијан Мбапе ќе продолжи во Пари Сен Жермен, ние нема никогаш да го продадеме и тој нема никогаш да си замине како слободен агент“, изјави Ал Келаифи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените

Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за Хетафе?
