
Саудискиот гигант Ал-Хилал е подготвен да испрати импресивна понуда до Баерн Минхен за ѕвездата на тимот Хари Кејн. Поранешниот напаѓач на Тотенхем блеска од почетокот на сезоната 2025/26 во германската Бундес-лига, постигнувајќи 17 голови во првите девет натпревари и рушејќи рекорди.
Според „Спорт Билд“, Ал-Хилал одамна го следи Кејн и е подготвен да испрати понуда вредна 100 милиони фунти, што би ја направило вкупната вредност на тригодишниот договор 300 милиони фунти.
Саудиците сакале да го донесат напаѓачот уште во времето кога Баерн бил вклучен во неговиот трансфер, но германскиот клуб тогаш веќе постигнал договор.
Во последно време се појавија шпекулации дека Кејн би можел да се врати во Тотенхем следното лето, додека Манчестер Јунајтед и Барселона исто така ја следат ситуацијата. „Билд“ објави дека напаѓачот има тајна откупна клаузула од 57 милиони фунти, која ќе стане активна наредното лето доколку тој посака да ја напушти Германија.
32-годишниот напаѓач веќе стана најбрзиот играч во едно од петте топ првенства на Европа кој стигнал до 100 гола за еден клуб – за само 104 натпревари. Тоа е еден меч помалку од Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, кои истото достигнување го остварија за 105 натпревари со Реал Мадрид и со Манчестер Сити.
„Семејството ми е среќно во Германија. Во животот и во фудбалот никогаш не знаеш што те очекува, но јас сум многу задоволен од животот во Минхен. Децата ми го сакаат училишето тука и тоа е мојот живот во догледна иднина“, изјави Кејн во мај.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, неодамна истакна дека соработката со Хари Кејн може целосно да продолжи и по 2027 година. Клубот е подготвен на сè за да ја задржи својата голгетерска ѕвезда во Баварија на долг рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
