Connect with us

Аксел Дисаси потпиша за Челси

Францускиот репрезентативец Аксел Дисаси му се приклучи на Челси со кој потпиша договор до летото 2029 година, соопшти лондонскиот премиерлигаш. Дисаси доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ од Монако, за кого настапуваше од 2020.


Челзи на Монако ќе му плати 45 милиони евра обештетување, пренесе АФП.


Дисаси има четири настапи за француската репрезентација со која стигна до финалето на СП 2022 во Катар. Централниот дефанзивец на тој начин ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Монако, Беноа Бадијашил, кој во јануарскиот преоден рок пристигна во Челси.


Дисаси прво го привлече вниманието кон себе во дресот на Ремс, за кој настапуваше од 2016 година до трансферот во Монако во 2020 година, во чиј дрес стигна и до француската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови