Connect with us

Ако Манчестер Сити го загуби судскиот процес, петте најголеми ѕвезди ќе си заминат од клубот

Манчестер Сити е под четиригодишна истрага дека ги прекршил правилата за финансиски фер плеј во периодот од 2009 до 2018 година. Англискиот клуб ги негираше сите обвиненија и тврди дека има докази дека не ги прекршил финансиските правила.

Премиер лигата наведе 115 финансиски правила што се прекршени, а Манчестер Сити може да биде казнет со одземање на бодови или дури и исклучување од лигата.

Како што потоа следи, неволјата никогаш не доаѓа сама.

Сега започнаа и приказни за заминување на најголемите ѕвезди, пред сè на Кевин де Бруин, Родри, Ерлинг Халанд и Фил Фоден. За тоа зборуваше и Пеп Гвардиола.

„Како сите да очекуваат не само да испаднеме, туку и да исчезнеме од лицето на земјата“, искоментира Гвардиола.

Дури и одлуката на Манчестер Сити да не троши премногу во летниот трансфер период доведе до приказни дека клубот се подготвува за ударите што му се подготвуваат оваа сезона. Доколку на тоа се додаде и дека Пеп Гвардиола на крајот на сезоната останува без договор и дека нема да го обнови освен во случај на некое чудо, тоа само ги заострува работите.

Така, заедно со Гвардиола, петте најголеми ѕвезди на тимот би можеле веќе на лето да ја променат средината.

Реал Мадрид веќе се вмеша во приказните околу Родри, Де Бруин би можел да замине на Блискиот исток, а најголемите европски клубови се интересираат и за Халанд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови