
По ждрепката во Нион познати се противниците за македонските претставници ова лето во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Академија Пандев за противник во својата деби сезона на европската сцена го доби Зрински од БиХ. Првиот натпревар „пандевци“ треба да го играат во Скопје на 11. јули, а реваншот е на гостински терен на 18. јули.
Македонија ЃП, пак, за противник го доби ерменскиот прволигаш Алашкерт. „Лавовите“ првиот натпревар ќе го играат на гостински терен, а реваншот ќе биде на 18. јули на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Шкупи на мегдан ќе биде против уште еден ерменски претставник, ФК Пјуник. Чаирчани исто така, согласно ждрепката, треба да гостуваат на првиот меч, но сигурно ќе има измени во распоредот меѓу двете македонско-ерменски двојки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
