
Тројцата талентирани млади фудбалери на Академија Пандев, Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров, денеска ги потпишаа првите професионални договори во кариерата, за продолжување на традицијата на „пандевци“ да ги задржат своите најдобри играчи од младинскиот погон.
„Продолжуваме со потпишување на професионални договори со деца кои произлегуваат од сопствената младинска школа, па така денес прв професионален договор потпишаа Донов, Крстевски и Глигоров. Истите веќе тренираат со сениорскиот тим и се вклучени во тренажниот процес и контролните натпревари кои ќе ги одиграме на подготовките во Анталија“, објави Академија Пандев на официјалната страница на фејсбук.
Воедно, струмичкиот клуб објави дека е потпишан предвремен раскин на договорите со Давид Атанаскоски и со Михаил Маневски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
