Connect with us

Ајакс му дава нова шанса на Кристијан Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен има намера да се врати во професионалниот фудбал. Тој колабираше во првото коло на Европското првенство кога Данска играше против Финска, по што следеше драма и битка за неговиот живот.


За среќа, Ериксен на крајот се извлече, но докторите инсталираа дефибрилатор кој го следи чукањето на срцето и го советуваа да не игра повеќе професионален фудбал.


Поради тој уред, Ериксен веќе нема можност да игра за Интер, а тоа го потврди докторот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Франко Браконаро.


„Кристијан во моментов не може да игра во Серија А. Единствениот начин да игра повторно во Талија е да се отстрани дефибрилаторот, што значи дека мора да биде потполно здрав и подготвен да истрча на теренот“, изјави тој.


Сепак, холандскиот гигант Ајакс се појави како клуб што може да му даде шанса во ова тешко време.
Холандскиот шампион веќе има неколку играчи со срцеви маани во соблекувалната, но за среќа сето тоа функционира беспрекорно, па затоа не би било изненадување и Ериксен да замине во Холандија. Најпознат играч на „копјаниците“ кој има проблеми со срцето е Дејли Блинд, кој игра стандардно за клубот и за репрезентацијата на Холандија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови