Connect with us

„Афера Јувентус“: Ќе следат суспензии и за 23 фудбалери, Роналдо, Дибала, Кјелини, Буфон, Рабио…

Јувентус доби казна од 15 бода поради финансиските малверзации, прикажување лажни профити и лажирање на плати на фудбалери за време на пандемијата. Иако сите мислеа дека тоа ќе биде единствената казна за „старата дама“, заедно со суспензиите затогашното раководство предводено од Андреа Ањели, сепак, казни најверојатно ќе следат и за фудбалерите кои се сложиле на таков начин на исплата. А меѓу нив се и Ронадо, Дибала, Буфон, Кјелини, Игуаин…


Новинарот Паоло Зилијани денеска објави сензационална вест која ја потресе Италија. Тој ексклузивно ги објави имињата на 23 играчи кои се под истрага затоа што прифатиле лажно помали плати и со тоа му користеле на Јувентус. За ова им се заканува суспензија од 30 дена, дури и ако веќе не играат за Јувентус или во Серија А.

Меѓу наведените има и бројни ѕвезди кои го носат или го носеле дресот на „старата дама“ во последните години, меѓу кои и Кристијано Роналдо. Зилијани откри дека во рамките на истрагата биле сослушани сите инволвирани во приказната и дека признале дека учествувале во нечесни дејствија.

„Двајца играчи, Матијс де Лихт и Матија Де Шилјо, им дадоа на судиите копија од разговори на „WhatsApp“ во кој Џорџо Кјелини им ја објасни измамата на сите, сугерирајќи дека тоа не треба да се споменува на новинарите“, откри Зилијани.

Новинарот објави и официјални документи во кои се наведува времето на потпишување на договорот наречен „маневри за плата“, меѓу кои се наведени 23 играчи. Заедно со документите, тој истакна дека секое од 23-те имиња се соочува со суспензија, барем на еден месец.

Заедно со Роналдо, на листата се и Миралем Пјаниќ, Пауло Дибала, Леонардо Бонучи, Адриен Рабио, Џорџо Кјелини, Џанлуиџи Буфон, Гонзало Игуаин, како и тренерот Маурицио Сари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови