Нов тренер на Монако ќе биде Ади Хитер, пренесува „Л’Екип“. Угледниот француски весник пишува дека се уште ништо не е потпишано, но дека наскоро „кнезовите“ ќе ги преземе поранешниот шеф на стручниот штаб на Алтах, Гредиг, Салцбург, Јанг Бојс, Ајнтрахт Франкфурт и на Борусија Менхенгладбах.
Монако го отпушти Филип Клемен во јуни по лошата завршница на сезоната и само еден бод од последните седум натпревари во Лига 1.
Хитер им е добро познат на сегашните и идните директори на Монако, кои работеа во системот на Ред Бул.
Австриецот имаше одлични резултати во Ајнтрахт, ги одведе во полуфиналето на Лига Европа, двапати беше тренер на годината во Германија, поради што Борусија Менхенгладбах плати огромно обештетување за да го доведе.
Сепак, по само една сезона и десеттото место во Бундес-лигата, тој доби отказ на 14 мај 2022 година и оттогаш е без работа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













