
Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед сака да се бори за излез во Европа во новата сезона, па затоа менаџерот Марсело Биелса ќе доведе капитално засилување. Шпанскиот репрезентативец Адама Траоре ќе биде најскапата аквизиција на Лидс во историјата и за него клубот е подготвен да плати 35 милиони евра.
Понудата и официјално е испратена на адреса на Вулверхемптон и се очекува да биде прифатена. Актуелниот договор на Траоре со „волците“ истекува следното лето, па клубот сега сака да го продаде и добро да заработи.
Доколку овој трансфер се реализира, Адама Траоре ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Лидс Јунајтед. Претходно, Родриго пристигна на „Иланд Роуд“ за 30 милиони евра, а своевремено Рио Фердинанд беше платен 26 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
