Астон Вила имаше два гола негатива на домашен терен против Ливерпул, но во финишот блесна младиот напаѓач Џон Дуран и со два гола донесе реми (3-3). Со овој бод тимот од Бирмингем е уште еден чекор поблиску до пласман во Лигата на шампионите.
Ливерпул поведе со автоголот на Емилијано Мартинез во втората минута, но израмни Јан Тилеманс во 12.минута.
Коди Гакпо во 23.минута постигна втор погодок за гостите за водство на одморот.
Џерел Куанса погоди за 1-3 на стартот на второто полувреме и се чинеше дека Ливерпул е блиску до победа на „Вила парк“. Сепак, Џон Дуран, со два гола, во 85. и во 88.минута успеа да донесе израмнување и ја спаси Астон Вила од пораз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













