Жозе Мурињо преговара со неколку клубови по разделбата со Рома, но сѐ уште не го презел раководењето на ниту еден тим.
Но, се чини дека е блиску до заминување во Саудиска Арабија.
Поранешниот тренер на Интер, Реал Мадрид, Челси, Порто, Манчестер Јунајтед и на Тотенхем доби нова понуда од Саудиска Арабија, а овојпат челниците на Ал-Шабаб сакаат да го видат на својата клупа.
Како што пренесуваат саудиските медиуми, челниците на овој клуб на секој начин се обидуваат да го убедат Мурињо да ја прифати понудата.
Тоа би бил прв потег на Ал-Шабаб во битката со Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал да се вклучи во трка за првото место во Саудиска Арабија.
„Сè уште ништо не е финализирано, но тој е првиот избор на челниците на Ал Шабаб“, изјави Бен Џејкобс, новинар кој тврди дека Мурињо треба да замине во Саудиска Арабија.
Неодамна и самиот Португалец изјави дека сака да се врати на тренерската работа.
„Не сакам да одморам, сакам да работам“, изјави Мурињо. „Едноставно не сакам да згрешам. Морам да ја чекам вистинската понуда, онаа која ме мотивира. Но, доколку дојде утре, веднаш би ја прифатил”, изјави Мурињо.
Саудиските медиуми тврдат дека е закажан финален состанок на челниците на Ал-Шабаб и Мурињо, а главна тема е преземањето на клупата на овој тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal