Брегалница и Работнички денеска (16 часот) со дуелот во Штип го отвораaт 28.коло во Првата фудбалска лига. Штипјани се осоколени по ремито (2-2) со шампионот Струга ТЛ на гости и се надеваат дека денеска можат да освојат три бода против Работнички.
Тренерот Трајче Сенев ќе ги нема на располагање искусните Силјановски и Лвалива, но верува во својот тим. Младиот Благој Хаџи-Кимов најавува борба за три бода.
„Атмосферата во тимот е одлична, подигнато е нивото на целата екипа и единствена цел се трите бода“, изјави Хаџи-Кимов.
„Романтичарите“ се надеваат дека ќе продолжат во позитивен стил и на гостувањето во Штип откако во претходното коло славеа против Вардар.
Левиот бек Дин Аломеровиќ ја пренесува атмосферата во таборот на клубот од Дебар Маало.
„Победата против Вардар беше многу значајна, но исто толку значајно ќе биде да оствариме позитивен резултат и на претстојниот дуел против Брегалница. До крајот остануваат уште само неколку кола и екстремно е важно за Работнички да продолжи резултатски во позитивна насока. Брегалница е квалитетен тим, иако е во опасната зона на табелата, а гостувањата во Штип секогаш се големо искушение. Верувам дека можеме да одговориме на предизвикот“, изјави Дин Аломеровиќ.
Останатите натпревари од 28.коло се играат утре, а се среќаваат: Гостивар – Брера, Тиквеш – Шкендија, Силекс – Шкупи, Македонија ЃП – Струга ТЛ, Вардар – Воска Спорт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski