Менаџерот на Барнли, Винсен Компани, е суспендиран на два натпревари поради реакцијата на ремито 2-2 против Челзи во Премиер – лигата. Тој беше исклучен добивајќи директен црвен картон откако не се согласи со досуден пенал.
Поранешниот репрезентативец на Белгија нема да го води својот тим против Брајтон в сабота, а вториот меч е условен до 31 декември. Доколку не го повтори престапот, нема да биде активирана казната.
„Менаџерот призна дека неговото однесување во 40. минута од натпреварот беше непримерно и навредливо за службените лица“, истакна Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска асоцијација.
Компани дополнително е казнет и парично со 10.000 фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













