
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, смета дека во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен (2-3), Каталонците покажале дека се еден од најдобрите тимови во светот. Реваншот е на 16 април во Шпанија.
„Чави само ми рече да излезам целосно подготвен психички за да можам да му помогнам на тимот. Сакавме да го притиснеме Пари Сен Жермен на нивната половина“, изјави Педри, цитиран од официјалниот сајт на УЕФА.
Тој влезе како резерва во вториот дел од натпреварот и веднаш асистираше за вториот гол на Рафиња.
„Влегов на теренот со многу ентузијазам и со желба да му помогнам на тимот. Ова додавање до Рафиња за голот испадна многу добро. Двајцата тренери го сакаат напаѓачкиот стил и тоа е видливо на натпреварот”, прокоментира фудбалерот на Барселона.
„Дојдовме во Париз да одиграме максимално силно против Пари Сен Жермен и мислам дека докажавме дека сме еден од најдобрите тимови во светот. Всушност, мислам дека сме најдобриот тим. Дојдовме да победиме и ние го направивме тоа, но ни претстои тежок реванш“, заклучи Педри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
