
Лидерот Струга Трим Лум дојде на гости кај Вардар и загуби со 1-0, но, сепак, остана на првата позиција на табелата и по 26.коло во Првата лига. Дејан Ѓуриќ беше стрелец на победничкиот гол за вардарци во 73.минута.
Шкупи загуби на гостувањето во Штип против Брегалница со 1-0. Пепи Ѓорѓиев во седмата минута беше стрелец на погодокот за Брегалница на овој дуел.
Шкендија исто така беше гостин во Ѓорче Петров и на крајот не успеа да освои три бода играјќи 1-1. Красниќи донесе предност за Шкендија, но “лавовите” успеаја да израмнат со голот на Жилберто. Шкендија цело второ полувреме играше и со фудбалер помалку.
Воска Спорт и Работнички во Охрид имаа важен дуел за опстанок, а на крајот дојде до поделба на бодовите (1-1). Алекса Марушиќ во 20.минута ја доведе Воска во водство, а израмни Влатко Стојановски во 31.минута. Во 72.минута спорен момент, гостите бараа погодок кога Мазари шутираше со глава, топката удри во гредата и падна зад гол-линијата, но дали и со својот целосен обем.

До крајот Работнички имаше уште две убави шанси преку младиот Данев, но и Костадин Захов бранеше одлично.
Тиквеш го победи тимот на Брера со 3-1. Малески донесе водство за Тиквеш во 19.минута, но израмни Александар Ристевски во 33.минута. Сепак, само две минути подоцна Тиквеш дојде до нова предност од пенал, а триумфот го потврди Едиз Спахиу во 69.минута.
Вчера, Силекс и Гостивар во Кратово ремизираа без голови.
ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1
ТИКВЕШ – БРЕРА 3-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-1
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1-0
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-0
ВЧЕРА: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
