Шкупи има три бода негатива во однос на лидерот Струга ТЛ, но сѐ уште има сериозни планови како да го донесе шампионскиот трофеј на Чаир. Првенството се движи кон крајот, нема веќе простор за „киксови“, па чаирчани сакаат да освојат три бода на денешниот дуел во Штип.
„Сега е време да погледнеме повторно кон шампионатот. Ја завршивме нашата работа во градското дерби минатата недела и беше добро што ја стекнавме самодовербата за да ги освоиме трите бода што ни недостасуваа. Навистина ни требаше и ја заслуживме таа победа.
Сега ни претстои тежок натпревар против Брегалница и работевме напорно во текот на неделата за да ја оствариме нашата цел, а тоа се трите бода. Секако, оваа фаза од првенството е многу тешка, поради фактот што сме речиси на крајот, додека се бориме на два фронта. Едно е сигурно, од секој натпревар сакаме да го извлечеме максимумот“, изјави Бразилецот Дуду.
Лидерот Струга Трим Лум му гостува на Вардар на стадионот „Борис Трајковски“, а Шкендија оди на мегдан на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Воска Спорт е домаќин на Работнички, а во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Брера.
Вчера, Силекс и Гостивар во Кратово ремизираа без голови.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО (денеска, 15 часот)
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski