Каталонскиот гигант Барселона сака да доведе неколку засилувања ова лето, а една од најголемите желби на раководството на клубот е Грузиецот Квича Кварацкелија.
Претставниците на Барселона стапиле во контакт со 23-годишниот крилен напаѓач на Наполи во врска со негов можен трансфер ова лето, објави „АС“.
Според шпанскиот весник, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе се помирил со фактот дека главниот напаѓач на наполитанскиот клуб Виктор Осимен ќе си замине следното лето, но не сака да се раздели и со Кварацкелија.
Наполи му понуди на грузискиот интернационалец да потпише и нов договор до 2029 година.
Оваа сезона Кварацкелија забележа 38 настапи во сите натпреварувања, постигна 10 голови и забележа шест асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













