
Големото дерби од 30. коло во Премиер – лигата меѓу Манчестер Сити и Арсенал заврши без голови. „Топчиите“ дојдоа на „Итихад“ со намера да се одбранат против актуелниот шампион и успеаја во тоа, а еден од трагичарите е напаѓачот на „граѓаните“ и најдобар стрелец на лигата, Норвежанецот Ерлинг Халанд, кој беше незабележлив, освен кога се најде во една ситуација пред самиот крај на натпреварот и ја промаши топката во можна ситуација да постигне гол.
Тандемот стопери на Арсенал, Вилијам Салиба и Габриел, вторпат сезонава го оставија Халанд без удар кон голот, а легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, кој сега е аналитичар, беше разочаран од настапот на норвешкиот стрелец во дербито.
„Ова беше многу лошо. Играта на Ерлинг е слаба. Беше на ниво на играч од англиската лига 2 (четврта лига). Треба итно да се подобри”, изјави Рој Кин, не штедејќи го Халанд. По ремито со Арсенал, Манчестер Сити е на третото место со бод помалку од клубот од Лондон кој е на второто место, додека лидерот во шампионатот Ливерпул има три бода повеќе од „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
