
Капитенот на шпанската репрезентација и ѕвезда на Манчестер Сити, Родри, зад себе неверојатно достигнување. Еден од главните адути на Пеп Гвардиола нема загубено натпревар за клуб или за репрезентација веќе една година.
Последниот пораз Родри го имаше од Шкотска во квалификациите за Европското првенство на 28 март минатата година.
Оттогаш Манчестер Сити и Шпанија се непоразени во натпреварите во кои играше Родри. Шпанија неодамна загуби од Колумбија во пријателски натпревар, но селекторот Луис де ла Фуенте на тој меч го одмори Родри. Тој играше на следниот натпревар и со два гола беше најдобар играч на ремито против Бразил (3-3).
Во својот период без пораз, Родри со Манчестер Сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер – лигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Некои истакнуваат дека го загуби трофејот „Комјунити Шилд“ од Арсенал, но тој натпревар заврши нерешено по 120 минути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
