Баерн Минхен може да биде мирен бидејќи ѕвездата на тимот Хари Кејн ќе се врати на фудбалските терени. Напаѓачот ги пропушти пријателските натпревари на Англија со Белгија и со Бразил. Ова ги загрижи Баварците бидејќи сакаат да го имаат на располагање својот голгетер за клучните натпревари од крајот на сезоната во Бундес – лигата и Лигата на шампионите.
Хари Кејн сега е подготвен за максимални тренинзи и ќе биде на располагање за следните натпревари на Баварците, бидејќи тимот продолжува да се надева на чудо во трката за титулата во Бундес-лигата, како и да го брка трофејот во Лигата на шампионите.
Кејн оваа сезона има 31 гол и седум асистенции на 26 натпревари во Бундес-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













