
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе има сериозни главоболки во пресрет на премиерлигашката пресметка со Арсенал претстојниот викенд. „Граѓаните“ се на само еден бод од лидерот и не можат да си дозволат грешки во борбата за титулата. Пред шпанскиот стручњак, пак, има неколку прашалници во однос на состојбата на главните играчи.
Дури четворица можеби ќе го пропуштат важниот меч со „топчиите“, но има и добри вести за Пеп.
Англиското дуо Џон Стоунс и Кајл Вокер се повредија за време на пријателските натпревари на гордиот Албион, додека Кевин де Бруин и Едерсон исто така се под сомнеж за неделниот натпревар на „Итихад“. Белгиецот ги пропушти натпреварите на Белгија токму поради повреда.
Добрата вест за „граѓаните“ е што Ерлинг Халанд е целосно фит и ќе игра против Арсенал, објави „Манчестер Ивнинг Њуз“. Норвешката гол-машина го шокираше штабот на англискиот шампион, откако беше забележан како поткривнува на тренингот на својата репрезентација. Сепак, се испостави дека проблемот со напаѓачот не бил сериозен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
