Дани Алвеш успеа да собере милион евра кои беа неопходни за плаќање на кауцијата и денеска излегува од затвор.
Како што пренесува „марка“, судот во Барселона се согласил за негово привремено ослободување и Дани Алвеш денеска ќе го напушти затворот.
Дани Алвеш со месеци бараше од судот привремено ослободување, но тоа секогаш беше одбиено. Како причина секогаш беше наведен стравот дека може да побегне поради неговото богатство.
Сега Бразилецот ќе може на слобода да ја чека правосилноста на казната.
Дани Алвеш во својата кариера настапуваше за Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севилја, а секако најголем белег остави во Барселона.
Во дресот на каталонсиот гигант одигра 408 натпревари, а успеа да освои дури 43 трофеи.
Кога е во прашање репрезентацијата на Бразил, тој забележа 126 настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













