Прволигашките клубови го пополнија празниот првенствен викенд со пријателски натпревари. Берегалница беше убедлива против Кожуф и славеше со 4-0. Двоен стрелец беше Пепи Ѓорѓиев, а погодија и Андерсон и Канформ.
Воска го совлада Пелистер на гости во Битола со 0-3. Јахја, Марушиќ и Мајрами ги постигнаа головите за Воска.
Тиквеш го декласира Детонит Плачковица со 4-1. Силва беше двоен стрелец, а погодија и Тадев и Грифин.
Шкупи го победи Арсими со 3-1. Головите ги постигнаа Али Адем, Ибиши и Гронер.
Силекс ја победи Македонија ЃП со 2-1. За кратовци стрелци беа Лазаревиќ и Милосављевиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













