Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, сонува еден ден да се врати во Баерн Минхен како главен тренер, пишува „Билд“. Како што е познато, Холанѓанецот беше на чело на вториот тим на Баварците во периодот од 2013 до 2015 година и забележа вкупно 72 натпревари.
Сепак, германското издание прецизира дека 54-годишниот Тен Хаг моментно го нема во плановите на Баерн и не е тема на разговор за ова лето. Меѓутоа, ако тој навистина го напушти Манчестер Јунајтед, неговата опција сè уште може да се разгледа.
Тен Хаг сфаќа дека неговата работа како менаџер на „црвените ѓаволи“ не е сигурна, но исто така не верува дека Сер Џим Ретклиф и неговиот тим одлучиле да ја прекинат релацијата. Тен Хаг моментално ја планира летната турнеја на Манчестер Јунајтед и претсезоната во САД, иако не му е дадена гаранција дека ќе продолжи како менаџер.
Баерн по завршувањето на сезоната ќе се раздели со актуелниот тренер Томас Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













