Connect with us

Струга ТЛ го прескокна Работнички и се одлепи на врвот

Шампионот Струга Трим Лум успеа да го победи Работнички со 1-2 на арената „Тодор Проески“ и направи три чекори напред во трката за шампионската титула. Сега стружани имаат три бода пред Шкупи на врвот на табелата.

Тимот на Шпетим Дуро го отвори резултатот со голот на Марјан Радески во 52.минута.

Работнички израмни со голот на Влатко Стојановски во 69.минута.

Но, само една минута подоцна, Струга ТЛ постигна втор гол преку Влајковиќ и го реши победникот.

По ова 24.коло, следи репрезентативна пауза, а шампионатот продолжува за две седмици.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови