Беса е на врвот и чекори сигурно копн елитата, но затоа многу тесна е трката за втората позиција која исто така носи директен пласман во Првата лига. Пелистер во моментот има бод предност пред Детонит Плачковица, а во денешното 20.коло и многу полесна задача.
Битолскиот тим на домашен терен го пречекува Кожуф, додека Детонит Плачковица оди на мегдан кај лидерот Беса. Тоа сигурно е и најинтересниот меч од оваа рунда.
Арсими ќе биде домаќин на Караорман, а ФК Скопје ќе се сретне со Вардар Неготино. Башкими пред своите гледачи ќе игра со Новаци, а Охрид Лихнидос ќе го пречека Осогово. Беласица ја очекува гостување во Прилеп и дуел со Победа.
Сите натпревари се закажани од 14 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













