Реал Мадрид и Манчестер Сити се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. “Кралскиот клуб” одигра 1-1 на домашен терен против Лајпциг, а во последните минути, кога во игра беше и Елиф Елмас, се спасуваше и со фортуната откако гостите ја погодија гредата.
Винисиус Жуниор во 65.минута донесе водство за Реал, но само три минути подоцна израмни Вили Орбан. Минималниот триумф на Реал (0-1) во Германија беше пресуден за пласман понатаму.
Манчестер Сити го победи повторно ФК Копенхаген со 3-1. Аканџи и Алварез донесоа експресни 2-0, а потоа погоди Елјонуси. Пред одморот, Ерлинг Халанд го постигна третиот гол за Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













