
Дербито меѓу Вардар и Работнички отсекогаш предизвикувало посебно внимание во Првата лига, па така ќе биде и денеска, иако и двете екипи се далеку од трката за трофеј. Но, вардарци имаат мисија за опстанок, а „романтичарите“ сакаат да обезбедат пласман поблиску до врвот. Сигурно дека возбудувањата нема да изостанат.
Мечот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“, а голманот на Работнички, Игор Алексовски, очекува добро издание на својот тим.
„Нѐ очекува уште еден тежок првенствен натпревар, градското дерби против Вардар. По триумфот над Брегалница, би сакале да продолжиме во ист стил. Го респектираме максимално Вардар, противникот е значително засилен во однос на првиот дел од сезоната, но ние сме подготвени за надигрување. Се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до нов успех“, изјави Игор Алексовски.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП, која има нов тренер, Бобан Грнчаров.
„Го респектираме тимот на Македонија ЃП, но нашите цели се јасни. Ние одиме на победа, се надеваме дека ќе ги освоиме три бода. Многу работи на овој меч ќе зависат од нас“, изјави Радески.
Шкупи има „жешко“ гостување во Штип, со оглед дека Брегалница е во опасната зона на табелата.
Тиквеш на домашен терен го пречекува Силекс, а Брера е домаќин на Шкендија.
„Веруваме во квалитетот на нашиот тим и се надеваме дека ќе продожиме со добри игри и позитивни резултати“, истакна Ендрит Красниќи, фудбалерот на Шкендија.
Воска Спорт во Охрид ќе се сретне со тимот на Гостивар.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО (денеска, 14 часот)
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР
БРЕРА – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
