Connect with us

Халанд за својата иднина: Сега сум среќен во Сити, но никој не знае што ќе се случи утре

Гол-машината на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, на прес-конференцијата пред реваншот со ФК Копенхаген во Лигата на шампионите ја коментираше својата иднина, но одби категорично да каже дали е поврзана со „граѓаните“.


„Многу сум среќен во Сити. Исклучително сум среќен со сите околу – менаџерот, управниот одбор, директорите… Сега ќе кажам дека никогаш не се знае што ќе донесе иднината, што веројатно ќе биде насловот во медиумите, но јас сум среќен овде.

Нов договор? Главно сум концентриран на мојата работа на теренот. Во моментов има многу натпревари – пред два дена одигравме дерби, сега имаме натпревар од Лигата на шампионите, потоа во недела доаѓа пресметката со Ливерпул. Мислам дека треба да бидам фокусиран на тоа“, изјави стрелецот на Сити.

Откако минатата сезона ги надмина сите по постигнати голови и ја освои тројната круна, но тоа не му помогна да го претрка Лионел Меси во битката за најголемите индивидуални награди, Халанд доби интересно прашање. Дали Аргентинецот треба да се откаже од фудбалот за да има шанса некој друг да ги освои овие награди?

Еве го одговорот на Норвежанецот…

„Добро прашање. Не знам. Да, точно е дека ги освои овие награди. Го освои и Светското првенство. Не знам што да кажам. Меси е најдобриот фудбалер кој некогаш играл“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови