Судијата Хесус Хил Манцано е суспендиран по скандалот кој го предизвика на натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид.
На тој натпревар Реал Мадрид имаше негатива од два гола по половина час игра, но во ниту еден момент не изгуби надеж дека може да дојде до позитивен резултат.
„Кралевите“ успеаја да го израмнат резултатот во последните петнаесетина минути, и тргнаа на сите три бода, но на крајот победата практично им беше „украдена“.
Шпанија сè уште е во неверување по тоа што Манцано го направи на натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид. Најголемата грешка секако е што отсвири крај додека топката одеше кон Белингам кој постигна победнички гол.
Потоа се случи вистинска мешаница, бесните фудбалери на Реал Мадрид го опкружија Хесус Хил Манцано, а најтежок при реакциите беше Џуд Белингам, кој доби и црвен картон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













