Раководството на Баерн Минхен смета дека ќе биде многу тешко да се продолжи договорот со канадскиот интернационалец Алфонсо Дејвис. Договорот на левиот бек истекува во летото 2025 година.
Фудбалерот бара 20 милиони евра годишно за парафирање на нов договор со Баварците. Германскиот гигант е подготвен да му даде најмногу 13 милиони евра.
Доколку Дејвис не потпише повторно до крајот на сезоната, ќе биде продаден за да не замине бесплатно после година и пол.
На „Алијанц Арена“ бараат најмалку 70 милиони евра за Канаѓанецот, колку што е неговата пазарна вредност, тврди „Билд“. Ова сигурно нема да му се допадне на Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид. Шпанскиот гигант е најзаинтересиран за ангажманот на левиот бек.
Баерн веќе има таргетирано замена за Дејвис. Баварците ќе се обидат да се засилат со играчот на Милан, Тео Хернандез, кој моментално важи за најдобар лев бек во светот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal