
Фудбалот и македонскиот спорт нема да останат без финансиска помош од државата и оваа година. Со 89 гласа „за“ денеска беа усвоени промените во Законот за спорт во делот на ваучер-системот.
Од оваа година распределбата на парите во износ од околу 10 милиони евра ќе оди директно од државата преку Генералниот секретаријат на владата. Исплатата ќе се врши во јуни и во септември.
„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели во објаснувањето на промените на Законот за спорт.
Законот за спорт пред две седмици беше повлечен од дневен ред во Собранието, тоа малку доведе и до паника, но, сепак, законот беше вратен поради техничка грешка која мораше да биде исправена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
