Connect with us

И Бохум го победи Баерн: Тимот на Тухел се распаѓа (ВИДЕО)

Баерн Минхен го забележа третиот пораз во последните осум дена, втор во Бундес-лигата откако загуби на гостувањето кај Бохум со 3-2. Со тоа многу сериозно ги намали шансите во трката за одбрана на титулата бидејќи Баер Леверкузен сега има осум бода предност на врвот.

Прашање е дали Томас Тухел ќе „преживее“ на клупата на Баерн по овој трет пораз во низа.

Мусијала во 14.минута го доведе Баерн Минхен во водство, но Бохум возврати преку Асано и Шлотербек и направи пресврт до крајот на првиот дел.

Во 78.минута Упамекано направи пенал и доби црвен картон, слично како и против Лацио, а Штогер зголеми на 3-1.

Хари Кејн постигна утешен погодок за 3-2, но Баерн повторно е поразен.

Член на Бохум е македонскиот репрезентативец Агон Елези, но тој не беше воопшто во составот на домаќинот за овој меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови