
Беноа Бадијашил ќе пропушти околу еден месец поради повреда на препоните. Тоа значи дека 22-годишниот Французин ќе пропушти важни натпревари за Челси и нема да биде достапен за Лига купот против Ливерпул на 25 февруари, како и за гостувањето кај Манчестер Сити претстојниот викенд.
Централниот дефанзивец дојде од Монако во јануари 2023 година. Од почетокот на сезоната го мачат повреди, поради што се зборува дека Лион би можел да го врати во француската лига. За него интерес имаше и Милан, но на крајот Челси реши да го задржи.
Англиските медиуми тврдеа дека Покетино се повеќе ќе се потпира на двојката Бадијашил – Дисаси, додека Тијаго Силва ќе остане на клупата. Сега, сепак, нова повреда ќе го запре напредокот на Французинот за некое време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
