Connect with us

Ѕвезди на Арсенал се скараа за примен гол, Артета е среќен поради тоа (ВИДЕО)

Синоќешната победа на Арсенал од 1-2 против Нотингем Форест беше нарушена со кавга меѓу дефанзивците на „топчиите“, Александар Зинченко и Бен Вајт. Лондончани имаа два гола предност на „Сити Граунд“, но примија гол во финишот и мечот влезе во неизвесност.


Арсенал издржа до победа, но по последниот судиски свиреж Зинченко и Вајт се расправаа околу одговорноста за примениот гол.


Менаџерот Микел Артета мораше да се вклучи за да ги „олади“ работите, но потоа рече дека му се допаѓа она што го видел меѓу двајцата играчи.


„Тоа покажува дека тие бараат повеќе еден од друг и не се задоволни од примениот гол. Морам да поттикнам тоа да се случува на вистински начин, со почит еден кон друг. Понекогаш после натпревар емоциите се вжештуваат, но ми се допаѓа што играчите сакаат повеќе еден од друг. Примивме гол кој не сакаме да го примиме“, изјави Артета по натпреварот.


Се заврши добро на крајот бидејќи Зинченко и Вајт се поздравија на враќање дома во соблекувалната, а синоќешниот успех го доближи Арсенал на два бода од лидерот Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови