Германскиот првак Баерн Минхен е во интензивни преговори со Галатасарај за ангажман на десниот бек Саша Боеј. Шампионот на Бундес-лигата веќе постигна договор за личните услови на 23-годишниот десен бек, кој сака да се пресели на „Алијанц арена“.
Сепак, сé уште нема договор помеѓу Баерн и Галатасарај. Досега Баварците понудија 25 милиони евра. Сепак, турскиот клуб инсистира да добие 35 милиони евра.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел, откри дека е малку веројатно дека трансферот на дефанзивецот ќе биде договорен во следните часови. Најверојатно преговорите ќе продолжат и во текот на викендот.
„Мислам дека нема да потпишеме некого денес. Но, преодниот рок се уште трае”, изјави тренерот на Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













