Каталонскиот гигант Барселона не е финансиски моќен да купува играчи како Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд, но секако на „Камп Ноу“ размислуваат за нови имиња.
Во Барселона разбираат дека не можат да ја градат својата иднина околу Роберт Левандовски (35), кој наскоро би можел да замине во Саудиска Арабија, па бараат нови напаѓачки решенија.
Според шпанските медиуми, Барса е заинтересирана за Вангелис Павлидис, 25-годишниот напаѓач на АЗ Алкмар. Тој оваа сезона има 22 гола на 27 натпревари, а трансферот би можел да се реализира по завршувањето на сезоната.
За Павлидис заинтересирани се и Челси, Фулам и Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













