Connect with us

Погба се надева дека суспензијата ќе му трае само шест месеци

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, неодамна беше суспендиран на четири години поради користење недозволени супстанци.


Во двата негови примероци беа пронајдени метаболити на тестостерон и во октомври беше суспендиран од Светската антидопинг организација на четири години неиграње фудбал, што практично значи крај на неговата професионална кариера бидејќи моментално има 30 години.

Тој има право на жалба, која ја подготвува заедно со своите адвокати и првото рочиште ќе го има во февруари.

Погба работи на совршена одбрана со својот тим адвокати и верува дека ќе го добие овој случај. Предлогот ќе биде суспензијата од четири години да се намали на шест месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови