Напаѓачот на Шкендија, Дашмир Елези, прави трансфер во Локомотива Загреб. Тетовскиот клуб ќе добие 10% и од наредниот трансфер на младиот напаѓач.
Дашмир Елези израсна во фудбалската школа на Шкендија и на 16 години беше најмлад дебитант и најмлад стрелец во историјата на клубот на официјален натпревар. Веќе четири сезони е дел од првиот тим на Шкендија, има 90 официјални настапи (78 првенствени, 4 куп и 8 европски мечеви) и 13 гола и ја освои шампионската титула во сезоната 2020/2021.
Минатата година Дашмир Елези се пресели во Грузија во Торпедо Кутаиси, но на барање на играчот трансферот беше откажан и Шкендија го врати во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













