Connect with us

Гвардиола е среќен за камбекот на Де Бруин: Кевин е светска класа, нема други како него

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од победата од 5-0 во ФА Купот над Хадерсфилд. Сепак, тој посвети поголемо внимание на враќањето во игра на Кевин де Брун, кој долг период беше повреден.


Според него, ова е голем плус за неговиот тим, бидејќи Белгиецот е фудбалер од големо значење кој може да решава натпревари.

„Тој одигра добри минути. Мислевме дека е подобро за него да влезе по паузата отколку на почетокот од натпреварот. Тешко беше да се најдат празни простори, тие се бранеа длабоко и многу организирано и компактно. Де Бруин се приклучи и сега е важно да акумулира тренинзи и натпревари. Тој сѐ уште не е подготвен за 90 минути. Кевин е играч кој може да решава натпревари и такви како него во светот нема многу. Тимот може да игра добар фудбал, но кога Де Бруин, Халанд, Фоден или Алварез се на теренот, тие се играчи кои можат сами да го победат ривалот. Затоа е толку важно тој да се врати во игра. Кевин е неверојатен, тој е единствен. Беше отсутен долго време поради операцијата. Веќе во првите минути, сепак, ја покажа својата класа со асистенцијата до Доку. Одлично е што можеме повторно да сметаме на него“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови