Македонскиот прволигаш Брера спогодбено го раскина договорот со хрватскиот интернационалец Марио Врдољак. Тој по шест месеци заминува од Струмица.
„Врдољак во нашиот клуб дојде на стартот од ова првенствена сезона. Одигра вкупно 16 првенствени натпревари и беше еден од столбовите на одбраната на нашиот тим и мотиватор на играта. Иако дефанзивец, Марио беше асистент за два гола, додека во дуелот со Струга Трим Љум во гости беше еден од стрелците за нашата победа.
Му се заблагодаруваме на Марио Врдољак што беше во нашиот тим, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваме многу среќа и успеси во понатамошната кариера“, истакнаа од Брера.
Струмичкиот тим тргнува во големи реформи во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Ангажираше нов стратег, а очигледно ќе има и значителни промени во играчкиот кадар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













