
Голманот на ПСЖ, Серхио Рико (30) за малку ќе загинеше во мај по несреќата на јавање во која исплашен коњ го фрлил одзади, а потоа го удрил со копито во главата и вратот, поради што изгубил свест и завршил во кома. Доколку повредата била само половина сантиметар подлабока, велат лекарите, тој ќе останел мртов на лице место. По 82 дена излезе од болница, а сега проговори за враќање на фудбалот. Претходно тој истакна дека би сакал да се приклучи на тимот пред крајот на сезоната.
„Секој ден се подобрувам, но медицински, сè уште не сум на 100%. Останувам во Севилја за да не морам да летам секогаш кога треба да правам тестови овде. Ослабев скоро 20 килограми по несреќата. Имав околу 91-92 килограми. Спуштив на 73, но сега се вратив на 88 килограми. Ги видов фотографиите кога излегов од болница. Изгледав како чепкалка за заби“, изјави тој во интервју за шпанските медиуми.
„Постојано му пишувам на мојот лекар за да дознаам кога повторно ќе ми дозволи да спортувам. Едвај чекам да се вратам на мојата рутина, да го почувствувам повторно фудбалот. Но, тоа не е во мои раце. Ги почитувам максимално упатствата на лекарите кои се грижеа за мене и ми го спасија животот“, истакна Серхио Рико.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
