Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип, успешно е опериран по повредата на лигаментите на коленото. Тој заработи тешк повреда на почетокот на месецот на дуелот против Фулам, а деталните лекарски прегледи ја потврдија сериозноста на повредата.
Камерунскиот дефанзивец сега беше опериран и ќе ја продолжи програмата за рехабилитација во базата на клубот во Киркби.
Матип одигра 14 натпревари оваа сезона за Ливерпул и ја мина границата од 200 со „црвените“.
На клупската веб-страница не е потврдено колку време ќе отсуствува, но се чини дека Ливерпул нема да може повеќе да се потпира на Матип до крајот на оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













