Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер призна дека лично се обидува да го убеди својот соиграч од Реал Мадрид, Тони Крос да се врати во националниот тим и да биде дел од Европското првенство следното лето.
Играчот од средниот ред се повлече од репрезентацијата по завршувањето на претходното Европско првенство во 2021 година со изговор дека сака да се фокусира на кариерата на „Бернабеу“ и да има повеќе време за семејството.
Крос, кој за три недели ќе наполни 34 години, игра одлично од почетокот на сезоната и повторно е водечки играч на Реал Мадрид.
„Секој ден го молам да се врати во репрезентацијата“, откри Рудигер за „ДАЗН“.
„Фудбалер како него, кој сѐ уште е на толку високо ниво, треба да игра на Европското првенство. Неговите додавања се од друга планета. Сè што прави Тони е неверојатно. Навистина би бил среќен да го видам назад во Бундестимот, но тоа е негова одлука“.
Германците веќе со месеци настапуваат крајно неубедливо и за разлика од други времиња, сега очекувањата за нив не се толку големи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













